VP Web Design Center

 

Сајтот најдобро се гледа на резолуција 800х600 со MSIE 5.0+

Опции

Постави го овој сајт за твој почетен !!!Постави го сајтот во Favorites !!!

Инфо

Денешен датум

Кикс на денот

 

Занимливости

Знаевте ли дека...                                                                                                                                 -во процесорот има преку 125 милиони транзистори                                                                                                -најголем киксер на сите времиња е Атанас Костовски                                                                                     -висината на стеблото на еукалиптусот е 155 метри                                                                                                                                -и сонцето ротира околу својата оска.неговата ротација во просек трае 27 дена                                                                                       -сончевите пеги претставуваат места во кои согорува помалку материја од околната средина                                                                                              -Венера ротира во спротивен правец од другите планети во нашиот сончев систем                                                                                                   -и Уран има систем од прстени околу орбитата исто како и Сатурн                                                                                              -висината на протуберанците кои избиваат од Сонцето во околниот простор може да биде и неколку милиони километри                                                                                                                            -крвта ги поминува големиот и малиот крвоток за само 30 секунди                                                                                                                            -црната дупка има толкава густина и привлечна сила што ни светлинските честици (фотони) не можат да се одбијат од нејзината површина                                                                                                                              -се смета дека вселената настанала пред 15 милијарди години а Сонцето пред околу 5 милијарди години                                                                                                                       -растенијата создаваат огромно количество органски материи-годишно околу 450 милијарди тони                                                                                                                                  -во јадрото на Сонцето во 1 секунда се ослободува 10000 пати повеќе енергија отколку што човештвото произвело во целата негова историја

* постави го маусот врз текстот за да го запреш неговото движење *

SETI@Home

BREED The Game

Обично немам обичај да пишувам написи за игри меѓутоа она што го видов и прочитав на интернет едноставно ме мотивираше да го вметнам овој текст. Имено станува збор за играта BREED во која човечката раса е нападната од вонземска цивилизација која со помош на диверзија ја освојува Земјата и го поробува човештвото. Меѓутоа една група на интергалактички војници кои биле пратени на мисија остануваат непоробе-ни и се единствената надеж на човештвото. Во играта на располагање се огромен број на оружја, возила, летала итн. Искористете ги пребару-вачите и ќе најдете многу ин-формации за играта.

Компјутерски новости

Во фаза на развој е најно-виот проект на производи-телите од далечниот исток кој ќе ги замени конвенцио-налните 2D монитори со новите кои ќе прикажуваат слика во 3D. Што е најинте-ресно се водат преговори со најпознатите софтверски куќи за изградба на оперативни системи кои ќе поддржуваат тридимензио-нално работење со што продажбата на овие мони-тори значително би се зго-лемила и тие би ги истис-нале постоечките 2D мони-тори од пазарот. Уште еден податок кој им оди во прилог на новата генера-ција на монитори кои доа-ѓаат е фактот дека нивната цена ќе биде само околу 30% повисока од онаа на конвенционалните монитори

Пловечки град за 100.000 жители

Зграда од 25 ката, со апартмани од 120.000 до 40 милиони „зелени“, со слободен трговски пазар за пловидба околу светот.
Мултимилионскиот спектакуларен нов град, што ќе плови во текот на 365 дена, ја започна својата мисија, за неколку години да стане нова автономна држава во светот. Иновацијата на пронаоѓачот Норман Никсон, ќе биде брод со околу 100.000 жители, на 25 ката, со слободна трговија на него. Ваквиот „монструм“ ќе биде „Монте Карло на вода“ и ќе биде поголем пловечки објект за 4 пати од било кој брод досега.
Мисијата на тој брод е да биде автономна заедница. Тој е центар на трговијата, место каде луѓето можат да се пензионираат, работат или го имаат како втор дом, со што би посетувале други градови додека работат. Оваа мисија не е ништо невозможно, само што досега такво нешто не е направено - вели Роџер Гох, потпретседателот за маркетинг. Најголемиот брод на светот ќе има 15.000 членови екипаж, кои на него ќе живеат, работат и патуваат околу светот. Според идејата на Никсон, „Бродот на слободата“ ќе биде во постојано движење, секои две години ќе го обиколува светот, и не само што ќе биде самостојна заедница, туку и најголем слободен пазар на светот. Бродот ќе биде изграден на 25 ката, со вкупна тежина од 2,7 милиони тони. Покрај 15.000 екипаж, бродот ќе биде достапен уште за 17.000 семејства и за 20.000 повремени гости. Најскапите станови, кои ќе имаат поглед на океанот ќе чинат околу 40 милиони долари, додека најефтините со околу 40 квадратни метри (поголеми од поголемиот дел на апартманите на луксузните прекуокеански бродови) ќе бидат достапни за 120.000 „зелени“. Ваквите „ефтини“ апартмани интересно ќе бидат поефтини од сличните на нив во мегаломански градови како Њујорк и Токио. Чудовиштето ќе има 100 дизелски мотори кои ќе го водат, секој со по 3700 кс. Големината на бродот носи одлична стабилност при пловидба, па брановите со по 30 метри и повеќе, што би ги превртеле скоро сите бродови, ќе предизвикаат мало поместување на бродот од неколку сантиметри.

* постави го маусот врз текстот за да го запреш неговото движење *

 

Топ линкови

www.nba.com
www.eurosport.com
www.astalavista.com
www.thecrack.ws
download.cnet.com
www.tweakxp.com
www.themexp.org
www.tgtsoft.com

www.macedonia.eu.org
www.pysoft.com
www.linux.net.mk
www.xicomputer.com
www.on.net.mk
www.mt.net.mk

 Visitors.ws

 

Киксови

Beavis & Butt-HeadИ уште еднаш како и многу пати до сега сајтот ќе започне со колекцијата најголеми глупости и киксови што ги сретнуваме секој ден. Новата колекција содржи околу 500 киксови кои постојано се менувани и надополну-вани. Во најскоро време сајтот ќе биде надополнет со форум на кој посетите-лите ќе може да најдат и остават киксови и други занимливости и кои ќе бидат достапни за сите посетители...

 Софтвер

СофтверВо прет-ходните верзии на овој сајт бе-ше даван осврт на најновите изданија на попоз-натите софтверски пакети. Со оглед на тоа што бројот на таквите пакети пос-тојано расте и имајќи ја во предвид не-можноста да се даде осврт на сите нив, се решив да го преработам сајтот така што главниот збор, оценките и мисле-њата ќе ги даваат посетителите со по-мош на форумот.

   
 Хардвер

MSI MotherboardПроцесорот, графичката карта, РАМ-от, хард дискот, се само дел од компонентите кои влегуваат во секоја конфигурација. Научи повеќе за нивната архитектура и за начинот на нивната работа и на многуте други компоненти кои се појавија со развојот на мултимедијата, преку разните написи, benchmark тестови, графикони и мислења кои се презентирани на овој сајт...

 Занимливости

КоцкаЗанимливостите нема да изостанат и во оваа верзија на сајтот. Страната со наслов „Занимливости“ помалку или повеќе остана неизменета (содржински), но беше реорганизирана во поглед на класификацијата и организацијата на содржината. Овој сајт во комбинација со сајтот „Астрономија“ ќе го привлечат вашето внимание за подолго време...

   
 Конфигурација на месецот
Како што тоа секогаш било случај така и во ова издание на овој сајт ќе биде презентирана една конфигурација која по своите перформанси, карактеристики, цена и сл. отстапува од останатите AMD Athlon XP 2800+конфигурации кои се сретнуваат на нашиот пазар за компјутери. Конфигурацијата која што ја избрав за овој месец ја сочинуваат:
  AMD AthlonХР 2800+
  512MB DDR-RAM
400MHz
 
40GB SCSI Western Digital
  NVidia Geforce4 Ti4600
  VIA KT400/DDR II ATA 133
  17" Panasonic TFT

Конфигурацијата прикажа одлични перформанси, а како најдобар доказ за тоа е
фактот што е избрана за најдобра конфигурација на месецот на сајтот на XiComputer кој што важи за еден од најреномираните сајтови кога станува збор за компјутерите.
   
 Трикови

WindowsXP DesktopСајтот е дизајниран со цел да ви ја олесни и забрза работата со компјутерот доколку сте корисник на Windows. Опфатени се трикови за Windows 9x/ME и Windows XP. Триковите несомнено ќе ви бидат од голема корист затоа што ќе научите како да ја подобрите работата на процесорот, да ја оптимизирате работата на РАМ-от, да го сетирате Windows-от да стартува побрзо и секогаш со различен .wav фајл...

 Астрономија

СонцеУште еден сајт кој спаѓа во категоријата „занимливости“. Ѕвезди, планети, природни сателити, маглини од најразлични типови се само дел од понудата на сајтот „Астрономија“. Големиот број на фотографии сега се надополнети со голем број на податоци и информации собрани од форуми специјализирани за астрономија. Секоја фотографија што ќе ја видите на овој сајт е снимена од сателит и не е компјутерска анимација.

Линк на денот

 
Активирај Java...

Вечен календар


  Месец (1-12)

  Ден (1-31)

  Година (пр.1960)

Баран датум: 
Ден од неделата:

 

Занимливости

Кликни за поголема слика

Volkswagen Phaeton

Новиот Volkswagen Phaeton е дефинитивно најдоброто возило кое излегло од фабриките на германскиот гигант. Имено ова чудовиш-те кое се очекува да достигне цена од $50.000+ е опремено со најновите иновации во автомобилската индустрија. Се чини најголе-мата иновација претставува воздушната суспензија која автоматски ја подесува ви-сината на возилото во зависност од условите на возење. Доколку возите со 300 на саат тогаш колата ќе биде скоро „прилепена“ за патот, но доколку возите по нерамен терен тогаш „рабо-тите ќе ги гледате од друг аспект“. А тоа 300 на саат не е никаква шала.

     
 Добивање на пиво

Пиво
Првиот чекор во превривањето на пиво, подразбира потопување на јачменот во вода неколку дена се додека не про’рти. За време на ’ртењето ензимите од јачменот ја трансформираат неговата срцевина (ендосперм) во шеќерот малтоза. По неколку дена кога најголемиот дел од срцевината ќе биде претворен во малтоза, таквиот јачмен се загрева и суши. Овој процес го спречува понатамошното ’ртење на јачменот. Во зависност од тоа колку ќе се загрева и суши јачменот се добиваат различни вкусови на пи-

во. По сушењето јачменот се меле во млин кој ги дроби неговите лушпи. Здробениот јачмен се префрла во сад за мешање и се додава врела вода. Овој процес ги разложува сложените шеќери во јачменот и ги раствара во водата на тој начин давајќи слатка течност наречена „непревриено пиво“. Во следниот чекор наречен прев-ривање слатката течност се префрла во казан каде што врие околу 2 часа. Овој процес ги уништува сите бактерии кои можат да го расипат пивото за време на ферментацијата и на тој начин ја стерилизира течноста. Во текот на процесот на вриењето се додаваат и цветови од растението хмел кои даваат нагорчлив вкус на пивото. Во зависност од количината на хмелот кој се додава ќе зависи и горчливоста на пивото. За погорчливо пиво хмелот треба да се врие 30 минути и повеќе со што се  овозможува на етерното масло да премине во течноста. Во течноста може да се додадат и пченка или ориз за постигнување на саканата боја на пивото. По вриењето течноста се лади и се префрла во длабоки садови.  Потоа се додава квасец кој

ја врши примарната ферментација на пивото. Оваа ферментација трае од неколку дена до неколку недели. Кога квасецот ќе го преобрази поголемиот дел од шеќерот во течноста таа станува пиво. Потоа пивото се префрла во садови без воздух каде што се врши секундарна ферментација на пивото или зреење, каде што пивото станува природно карбони-зирано и газирано. Зреењето трае од неколку дена до неколку месеци во зависност од пивото. Добиеното пиво е нечисто и во него има суспендирано честици од различните состојки кои влегу-ваат во неговиот состав. Овие честички се отстрануваат со фил-трација под притисок за да се добие беспрекорно бистра теч-ност. На крај ваквото пиво се пастеризира во длабоки садови на висока температура (за да се уништи преостанатиот квасец кој може да доведе до расипување на пивото) и се пакува во соодветна амбалажа во која се дистрибуира до крајните корисници.

     
 Компјутерско чудовиште

AMD Athlon MP
Процесор кој изведува 20 трилиони калкулации за една секунда. Сос-тавен од 1000 помали компјутерски процесори, новото електронско чу-довиште ќе може за една секунда да изврши пресметки, кои на обичен човек би му одземале 17 милиони години. Американската корпорација за компјутери и електроника „IBM“ го објави планот за изградба на досега најсилниот суперкомпјутер „Blue Storm“, кој со својата проце-

сорска моќ ќе може за два пати да го надмине „ASCI Vajt“, моментално прв на листата од 500 најдобри компјутери на светот IBM планира да го изгради најсилниот компјутер досега, кој ќе може да изведе 20 трилиони калкулации во една секунда. Изградбата на ваквиот електронски монструм е на барање на Европскиот центар за среднорочни метеролошки предвидувања, а потребата е поради изработка на најквалитетни временски прогнози на Стариот континент. Според IBM, Сината Луња ќе биде 1700 пати побрз од Deep Blue, кој во 1997 година го победи тогашниот светски првак во шах, Гари Каспаров. IBM таквите перформанси ќе ги постигне така што од поголем број сервери р690 од Unix компјутери, познати под името Регата

ќе ги спојат во една структура, т.е. мрежа од поголем број компјутери која ќе оперира како еден единствен. Сината Луња ќе има 130 тони, а капацитет на меморијата од 1,5 петабајти. Компјутерот ќе се гради во две фази, а првата стартува веќе годинава кога IBM ќе испорача 50 сандаци со повеќе од 1000 процесори.
Процесорската снага на Сината Луња најдобро ја покажува фактот што во споредба на обичен човек му требаат 17 милиони години да ги заврши пресметките што Сината Луња ги завршува за една секунда. Проектот го финансираат 22 европски земји.

 

 

 
 
  Сите права се задржани,
VP Web Design Center ©2002, Македонија
За сите проблеми и прашања контактирајте со
WebMaster